БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Некој од неговите сериозно го “лизнал” Филипче во Делчево

Пренеси го гласот

Во врска по лажното и конфузно тврдење на Венко Филипче дека

…”денес гледаме како Делчево е оставено на страна од актуелната влада, само затоа што градоначалникот не е од истата партија,”

кое го искажа во рамки на неговата посета за мотивација на десеткуваните партиски војници на СДСМ во Делчево, со своја реакција во јавноста се обрати Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево Иван Гоцевски.

“Некој од “неговите” многу сериозно го “лизнал” Венко од Дубаи при неговата посета во Делчево, оставајки го збунето пред камера да тврди дека оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ ја сеграгирала нашата општина Делчево затоа што градоначалникот овде бил од неговата партија, веќе попозната како СДС на СПИНОВИТЕ!

Бидејки веќе најавил дека наредната недела повторно ќе дојде во Делчево еве јас јавно ќе го информирам за да биде малку поподготвен следниот пат овде во Делчево.

Г-н Филипче, нашето Делчево и Делчевчани како директна поддршка на нашата општина од Владата предводена од Hristijan Mickoski доби:

✅ За 2025та година Делчево добива

112.789.462 денари ппреку двата јавни повика за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти!

✅ Или историски максимум за капитални инвестиции за секој Делчевчанец од 135 евра!

✅ 9 улици во населбата Ново Делчево, 2 улици во населбата Милково Брдо и регулација на кејот на река Габровчица само со првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти!

✅ Нови десетина капитални инвестиции со вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти со кој е предвидена историски најголем вкупен износ на средства за финансирање во општините до 15 милијарди денари, а за што ние ќе известиме во наредниот период!

✅ 21 милион денари за целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание кој е прогласен за значајно културно наследство. Проект кој е веќе готов и веќе следната година ќе биде и реализиран.

Ова за сега е доволно г-н Филипче, но ова не е се!

Во однос на другите сериозни инвестиции и намери на оваа Врада да ги подобри значително условите за живеење на Делчевчани ќе Ве информираме во периодот кој доаѓа.

Еве јас Ви ветувам на денот на вашата наредна посета на Делчево ќе ве известам повторно јавно за сериозниот напредок во делот на здравството, сектор од кој и самиот доаѓате,”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот