БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Берово објави Јавен повик за прибирање на понуди за изградба на зелен пазар во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На интернет страницата на Општина Берово е објавен Јавен повик за прибирање на понуди за изградба на зелен пазар во Берово.

Од страна на општината се повикуваат сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи за Изградба на зелениот пазар во Берово.

Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од09:00 до 15:00 часот

Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 28.06.2018 во 12:00 часот. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу на 28.06.2018 во 12:00 часот.

Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 250,000.00 МКД

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace