БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Кочани ги објави јавните повици за ангажирања во програмата Општинско корисна работа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани ги објави јавните повици за вработувања во два проекта од програмата Општинско корисна работа, поддржани од UNDP и SDC.

Во проектот „Заедно“, за работно ангажирање со скратено работно време од три месеци  заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, се бараат шестмина негуватели на лица со попреченост. Право на учество имаат лица со попреченост, жени припадници на ромската и на останатите етнички заедници, како и лица припадници на ромската етничка заедница.

За потребите на проектот „Придобивки“, за работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци се бараат 18 лица од кои: тројца образовни асистенти во средно образование (педагог, психолог, социјален работник, социолог, наставник во одделенска и наставник во предметна настава); петмина негуватели на деца во градинка, шестмина лични асистенти – за лица со попреченост и по две лица како дел од тим за психосоцијална поддршка и даватели на услуги во Центарот за донации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пријавувањето е до 13 јуни, до 14 ч. во Центарот за вработување во Кочани. Јавните огласи се објавени на огласната табла и на веб-страницата на Општина Кочани, во Центарот за вработување и во Центарот за социјални работи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace