Општина Кочани започна со испитување на јавното мислење како дел од кампањата за зајакнување на сообраќајната култура. Активностите се спроведуваат во соработка со СОУ „Гошо Викентиев“ односно со учениците и професорите од сообраќајната струка во ова училиште.
Деновиве во централното градско подрачје беше реализирана анкета со случајно избрани жители, по прашалник поврзан со проблемите и предизвиците во сообраќајот, користењето на еколошки превозни средства и со паркирањето.
По анализата на добиените одговори, со учениците од сообраќајната насока ќе се изготви едукативен материјал со цел да се зајакне свеста за влијанието на сообраќајот врз климатските промени и да се подобри однесувањето на учесниците во сообраќајот.
Во соработка со надлежните институции, а со вклучување на сите засегнати страни, кампањата ќе продолжи до крајот на 2022 година, а според повратните информации од истражувањата на јавното мислење, стручните служби ќе работат и на соодветни сообраќајни решенија.
Извор: Општина Кочани
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција
61 годишен штипјанец приведен поради поседување марихуана