Општина Виница распиша Јавна Објава бр.2/2025 за продажба на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање во Општина Виница за уште 2 градежни парцели.
Градежна парцела се наоѓа на улица „Кирил и Методиј“ со вкупна површина од 1.613м2 со Основна класа на намена А2-Домување во станбени згради.
Градежна парцела се наоѓа на улица „Пиринска“ со површини од 310м2 со Основна намена А1-Домување во куќи.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават НАЈДОЦНА до 05.08.2025 година(вторник) на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):
Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и составни документи на истата;
Банкарска гаранција за сериозност на понудата, чијашто висина за секоја градежна парцела посебно е наведена во јавната објава;
За физичките лица уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (не постар од 6 месеци);
Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице заверено на нотар, односно доказ за својството на овластеното одговорно лице на правното лице;
Изјава со која подносителот ги прифаќа условите предвидени во објавата заверена кај нотар.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата да биде со рок на важност до 31.07.2027 година и подносителот на пријавата има обврска за доставување на истата во оригинал до Архивата на Општина Виница, во затворен плик со назнака “НЕ ОТВАРАЈ” за “Електронско јавно наддавање – Објава 2/2025“ без никакви други обележја, а за која ГП се однесува банкарската гаранција да биде назначено внатре во пликот, НАЈДОЦНА до 05.08.2025 година (вторник) до 15:30 часот.
Повеќе информации во просториите на ЕЛС Виница или на следниов линк ![]()

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!