БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општините Делчево и Македонска Каменица реагираа благовремено во првичните реакции за надминување на последиците од невремето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Штетите кои ги остави огромното досега невидено невреме во нај источниот дел од државата во општините Делчево и Македонска Каменица, се големи.

Општинските служби на двете општини реагираа благовремено на терен но последиците од невремето поради обемот допрва треба да се утврдат и надминат.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски објави дека општинските служби веднаш по нормализацијата на временските услови во саботаа вечер излегоа на терен во првичен увид на состојбите и реакција на критичните локации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Веднаш по невремето кое ја зафати Македонска Каменица, екипи на ЈП Камена Река излегоа на терен и ги расчистуваат настанатите штети. Повторно се проодни двете коловозни ленти кон Рудник Саса, а во најголем дел се санирани штетите и во централното градско подрачје.

Во текот на утрешниот ден ќе продолжат активностите за расчистување на патиштата во руралните средини.

Продолжуваме одговорно!”

-соопшти градоначалникот на општина Македонска Каменица Димече Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace