Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска заедно со колегите Бојан Стојаноски и Никола Мицевски денеска остварија работна средба со претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во контекст на определбите на опозициската партија за поддршка на граѓаните и работниците во услови на актуелната голема финансиска криза.
“Заедно со координаторот на ПГ – Никола Мицевски и претседателот на КФБ – Бојан Стојаноски, денес остваривме средба со претставници на КСС и со нивниот претседател – Blagoja Ralpovski.
На средбата им ја потврдивме нашата поддршка за поднесениот амандман по нивно барање, кој се однесува на финансиска поддршка на вработените во приватниот сектор.
Гостите ни истакнаа и неколку проблеми во врска со здравството и енергетиката, кои во наши следни обраќања ќе бидат обелоденети.”
-соопшти пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија