БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево доби нов Претседател

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Горанчо Тодоровски е новиот првенец на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Извршниот комитет на партијата на синоќешната седница по предлог на Претседателот Мицкоски го назначи четириесет и едногодишниот Горанчо Тодоровски за нов Претседател ан Општинскиот комитет во Делчево.

Горанчо е еден од долгогодишните активни членови на партијата кој ги има поминато сите скалила на партиски учинок од својата рана младост па се до денеска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во изминатиот состав беше Потпретседател на Општинскиот комитет.

Тој преку обраќање на својот фејсбук профил ја соопшти оваа вест на своите пријатели и пошироката јавност:

Почитувани сопартијци, браќа и сестри, роднини и пријатели,

По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Hristijan Mickoski, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да бидам именуван за Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
Да се биде претседател на ОК е голема чест, но уште поголема одговорност, пред која сум спремен да се исправам.
Успехот ќе дојде само како резултат на напорна работа, учење од неуспех, лојалност и упорност. Ајде сплотени, ајде заедно; ајде сите, задоволни и помалку задоволни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ; придружете ни се и вие кои сте разочарани и изневерени од актуелната локална и централна власт; ајде заеднички да оствариме историски успех; ајде Делчево и Македонија да ги оттргнеме од канџите на транзициско-криминалните, ненародни и самопрогласени властодршци! Делчево и Македонија мора да одат напред!!!

Јавно Ви ветувам дека максимално ќе се вложам да ја оправдам укажаната огромна чест и доверба, и ќе дадам се да ги реализирам и надминам очекувањата на членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, ги повикувам и младите – членовите на УМС, да бидат моторот на ВМРО-ДПМНЕ… Искажувам благодарност на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, со особена почит кон нивната мудрост и нивната непресушна верба во идеалите на ВМРО… Жените на ВМРО-ДПМНЕ биле, се, и ќе бидат столбот на нашата партија… Само сплотени ќе победиме… Само единствени ќе успееме! Македонија не вика, обединети и со добри намери ќе бидеме најсилни!
Да живее Организацијата!
Да живее ОК Делчево!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!!!

-напиша на фејсбук новиот Претседател.

Горанчо Тодоровски е роден во Делчево 1976 година.

Оженет е со сопругата Билјана со која имаат две дечиња.

Живее и работи во Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace