Моментите на среќа и радост кои се забележуваа и споделуваа меѓу децата, беа највалидниот репер и потврда за еден успешен проект за општина Виница, а посебно за младите генерации.
Овој капитален објект со инвестиција од 25 милиони денари е изграден според сите неопходни стандарди за една училишна спортска сала и е комплетно уреден со реквизити, со вециња и соблекувални.

Спортската сала во ОУ “Славчо Стојменски“ од денес ги отвара вратите за спортски предизвици на 600 ученици кои учат во ова училиште, но е на располагање за тренинзи и училишни натпревари на сите ученици во градот.
На новиот спортски терен денес се одиграа и првите спортски натпревари во мал фудбал и кошарка.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг