Во пресрет е 38-мо традиционалното искачување на Титов Врв (2.747 мнв) предвидено за викендов (25 и 26 мај), во организација на Планинарскиот клуб (ПК) „Љуботен“ од Тетово.
“ Подготовките за овој настан ги започнавме уште пред два месеца со испраќање покани до планинарските друштва во Македонија и на Балканот. Годинава поради променливите временски услови и снегот, очекуваме бројката на искачени планинар(к)и на врвот да биде над 500. Досега се пријавени околу 400 планинар(к)и од Македонија и од соседните земји, од Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и од Словенија, но таа бројка сигурно ќе се зголеми наредните денови” – изјавува претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски.

Програмата започнува в сабота, 25 мај во попладневните часови со еколошка акција за чистење на Попова Шапка „Trash TagChallenge“. Потоа ќе следи трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите”, организирана од Младинската комисија при Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), а ќе има и забавно-едукативен дел.
Искачувањето на врвот е предвидено за недела, 26 мај, со старт во 6.30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“.
Движењето е по Вакуфска патека долга 14 км во еден правец и со висинска разлика од 1.047 метри. Просечното време за искачување е околу четири часа во еден правец. На Шар Планина има нови количества снег, па затоа е препорачливо сите учесници да се движат во организирана колона, водена од одговорните лица од ПК Љуботен кои на ранците ќе имаат акредитации со ознака на организаторот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи