БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се сликите од блесокот на Зоран Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со влегувањето на Министрите и заменик министрите во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ почнаа на површина да испливуваат дефектите на системот на државата за кој што Зоран Заев и СДСМ со сите негови портпароли и гласноговорници кажуваа дека блескаат.

Еден таков случај е и случајот на Јавната установа ,,Специјален завод – Демир Капија” каде што во работна посета беше Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во текот на вчерашниот ден.

Од таму таа упати грозоморни слики на состојбата на оваа јавна установа која е надлежна за животите и здравјето на одредена категорија на Македонски граѓани на кои им е потребна огромна помош и соодветни услови на третман.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Министерката Мизрахи упатена во јавноста по тој повод:

“Синоќа бев во посета на Јавната установа ,,Специјален завод – Демир Капија”.

За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме исфарбани ѕидови, додека водоводната и електрична инсталација е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател. “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace