Деновиве во Македонска Каменица се реализираше акцијата „Дарувај книга – размени книга“ со која што се обезбедија вкупно 626 книги за ЈЛБ “Илинден” Делчево- клон „Крсте Петков Мисирков“ од Македонска Каменица.
“Успешно заврши акцијата „Дарувај книга – размени книга“, наменета за библиотека ЈЛБ „Илинден“ Делчево – клон „Крсте Петков Мисирков“ Македонска Каменица. Обезбедени се вкупно 626 книги, детска литература 387 книги или 107 наслови и литература за возрасни 239 книги. Читетелите од Македонска Каменица ќе имаат голем избор на добри книги кои ќе можат да ги изнајмуваат од градската библиотека
Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаа Општина Македонска Каменица – дел од општинската администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите, невладиниот сектор, приватни компании.
ЈЛБ „Илинден“ се заблагодари на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива и донираа:
1.Општина Македонска Каменица и Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост
2. ДОО Таке Пром
3.ДОО БМБ унион
4.ДООЕЛ Кав Кам Транс
5. ДООЕЛ Цинк Транс
6.ДООЕЛ Пајо Го
7.ДООЕЛ Данини –природна козметика
8.ДООЕЛ Де пласт монт
9.ДООЕЛ Нико стил инжињеринг
10.ДООЕЛ Нико сервис
11.ДООЕЛ Адри груп
12. ДООЕЛ Ники груп
13.ДООЕЛ МК- Коко гостилница
14.ДООЕЛ Ас Иднина
15.ДОО Виор
16.ДООЕЛ Кам Бисер
17. СПАД Царев врв-Руен
18.ДООЕЛ Кам гребен
19.ЈТД Јаков
20.Каменица.мк
21.КИЦ”Романса””
-соопшти градоначалникот на општина Македонска Каменица во свое соопштение до јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”