Девизниот прилив во 2018-та година по основ на туризам, бележи пораст од 16,7% во споредба со 2017та година.
Првите два квартали од 2018та година споредбено со истиот период претходната година, бележат пораст на девизниот прилив од повеќе од 20%, односно, за 26,49% девизниот прилив по основ туризам е повисок во првиот квартал на 2018та година, споредбено со минатата, а вториот квартал бележи дури и поголем раст – 27,45% за истиот период.
Третиот квартал во 2018та година остварил 147,08 милиони долари или покачување на девизниот прилив за 8,8% од претходната година. Четвртиот и последен квартал го следи трендот на пораст и бележи 14,2% поголем девизен прилив за разлика од четвртиот квартал во 2017та година.
Од Агенцијата за туризам потенцираат дека очекувањата за 2019-та година за посета на нашата земја се 1,3 милиони туристи, кои ќе остварат 4 милиони ноќевања и девизен прилив од 420 милиони долари.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист