Првиот чекор кон стекнување доверба во правосудниот систем треба да биде враќање на кривичната одговорност на судиите и јавните обвинители, кои од 1996 година се ослободени од одговорност за своето работење. ![]()
Предлог:
(1) Судија или судија поротник кој ќе донесе незаконска одлука или акт или на друг начин (со сторување или несторување) ги прекрши уставот или законите и со тоа ќе овозможи прибавување за некого некаква корист или на некому ќе му нанесе некаква штета или ќе му ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2) Лицето што делото од став 1 од овој член ќе го стои од небрежност ќе се казни со затвор до шест години.
(1) Јавните обвинители во вршење на јавнообвинителската функција кои ќе донесат незаконски одлуки или акти или на друг начин (со сторување или несторување) ќе го повредат уставот или законите и со тоа ќе овозможат прибавување за некого некаква корист или на некому ќе му нанесат некаква штета или ќе му ги повредат правата на друг, ќе се казнат со затвор од три до десет години.
(2) Лицето што делото од став 1 од овој член ќе го стои од небрежност ќе се казни со затвор до шест години.
Вакво кривично дело постои во голем број европски држави, меѓу кои и СР Германија.![]()
#ruleoflaw#judiciary#accountability#againstcorruption
-Фејсбук коментар на Јован Андоновски- Борец за човекови права, доктор по правни науки


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје