Екипи на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица тековно работат на отстранување на повеќе дефекти и критични точки кои што оневозможуваат нормално функционирање на системот за водоснабдување со вода за пиење за жителите на општината.
“Во тек се работни активности на екипите на ЈП Камена Река за отстранување на 4 повеќегодишни дефекти на главната водоводна линија F 225 на делот после м.в. Филтер станица до Моштичка Река.
Со санацијата на дефектите продолжуваме да работиме во насока на намалување на загубите со вода за пиење од градскиот водоводен систем.
Поради целодневните активности на екипите на Јавното претпријатие, нивото на вода во системот е намалено, при што е можен краткотраен прекин во снабдувањето со вода во повисоките делови од градот.”
-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево