БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нема ништо случајно: На денешен ден е нападнат затворот во Бастилја- Париз и започна Француската револуција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во раните претплатневни часови на 14 Јули во 1789 година народот на Париз завзел една воена оружарница со околу 32 илјади пушки мускети. Во оружарата немало барут за пушките па така тие биле нефункционални. Големи количества со барут биле држани во тврдината Бастилја каде што еден час попладне се упатиле толпата народ со закана да се предадат стражарите кои вооружани ја чувале тврдината. Откако командантот на стражата маркизот Бернард Рене одбил, толпата ја пробила влезната врата и влегле во тврдината при што ја завзеле целосната контрола. Околу стотина мртви бележи историјата со овој напад на Батилја која што истовремено била затвор за политичките затвореници и неистомисленици со тогашниот феудален режим во Париз.

Денеска на 14 Јули во Македонското собрание доаѓа Претседателката на европската Комисија Урсула Фон дер Лејен во слична улога како што доаѓаа Јоханес Хан и Федерика Могерини чии што имиња веќе народот почна да ги заборава, но остана понижувањето, горчината и пакоста која ја оставија зад себе со Преспанскиот договор.

Фон Дер Лејен денеска ќе ги убедува пратениците во собранието на Северна да го прифатат францускиот договор за бугаризација на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Што ќе се случува останува денес да видиме, но едно е сигурно:

НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот