БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уште еден убав проект за Македонска Каменица со пари доминантно од надворешни донатори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски на социјалните мрежи се пофали со почеток на уште еден убав проект за жителите на Македонска Каменица.

Станува збор за почеток на проект за осветлување на влезовите на Македонска Каменица со финансии обезбедени од Центарот за развој на Источниот плански регион о дел од општинскиот буџет со кој што ова преубаво гратче на истокот од државата ќе добие уште по репрезантивен лик, но и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот особено во вечерните часови.

“Денес потпишав договор за уште еден голем проект – осветлување на влезовите во Македонска Каменица со што нашиот град ќе добие уште помодерен лик.
Проектот се финансира со средства обезбедени преку ИПР, а импликациите по општинскиот буџет се минимални и се околу 1,3 милиони денари. Краен рок за реализација е месец ноември оваа година.
Продолжуваме како што ветивме, посветено и одговорно.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-информираше Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace