БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ПАХЕ „Ташмаруништа“ – Еден од клучните проекти за енергетската стабилност и иднина на Македонија!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

​На овогодинешната конференција на ЗЕМАК (Здружение на енергетичарите на Македонија), која заврши вчера во Струга, фокусот на стручната јавност беше насочен кон презентацијата на трудот за ПАХЕ „Ташмаруништа“.

​Трудот, изготвен и презентиран од директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, Гоце Божиновски и раководителот за производство на црнодримските хидрелектрани Глобочица и Шпилје Тони Маркоски, предизвика повеќеминутни овации од страна на присутните експерти и стручната фела.

​ Присутните ја искажаа својата недвосмислена поддршка за овој капитален проект со инсталирана моќност од (3х75 MW) 225 MW, истакнувајќи дека неговата реализација ќе донесе огромни и повеќекратни придобивки за целиот електроенергетски систем на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Главните придобивки од реализацијата на ПАХЕ „Ташмаруништа“ вклучуваат:

Стабилност и балансирање: Клучен придонес во балансирањето на целиот ЕЕС на Македонија.

Складирање на енергија: Обезбедување на капацитети за ефикасно складирање на вишокот електрична енергија.

Зелена транзиција: Полесна и побрза интеграција на обновливите извори на енергија во мрежата.

📊Ваквите проекти и стручни иницијативи ја потврдуваат подготвеноста и визијата на нашите домашни инженери да креираат одржлива и сигурна енергетска иднина!

Зад сцената, се изработува детална нацрт (драфт) верзија на Гантограм, во која прецизно се опфатени и дефинирани сите активности неопходни за почеток на изградбата. Целта на овој стратешки план е сите процеси да бидат максимално поддржани за да може проектот да започне со физичка реализација во што е можно пократок временски период.

Извор: ЕСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот