Александар Пандов го повика Јовевски и Основното јавно обвинителство да превземе постапки во рамки на своите надлежности за санкционирање на своите колеги кои во расформираното СЈО си добивале плати во огромни суми на пари паралелно со огромната моќ која согласно случајот “Рекет” ја злоупотребувале за уцена на бизнисмени а според сведочењето на Рената Дескоска и за уцени на пратеници при гласањето на уставните промени со кои се смени името на државата.
“Верувам дека не постои човек во Република Македонија кој не е во шок од ,,платите“ кои си ги делеле специјалните обвинителки и обвинители. Во СЈО, надвор од законот, онака од ракав си делеле додатоци, хонорари, репрезентации, како и патни трошоци и дневници!
Ние обичниот народ, плебсот ова претходно не сме го знаеле, но Заев и Шеќеринска го знаеле и нормално пошто им служеа за политичка пресметка со ВМРО истото го одобрувале. Доверливост не само што немало, туку бомбите биле користени за рекетирање на бизнисмени. Лично Министерката за неправда потврди дека СЈО било злоупотребено за притисок врз пратеници, како би гласале за уставни измени. Телефонски разговори биле на стикови носени по дома, за од дома да ги ,,обработат“, а мислам дека нема потреба да потсеќам на протечените разговори од Илија Громовник и Ел Чека, со што исто се докажува дека доверливост во СЈО не постоела.
Од тука ме интересира дали од утре, понеделнички ќе го видиме Јовевски на прес конференција каде ќе не информира дека ОЈО ќе превземе постапка против овие нивни колеги кои најбрутално го оштетиле буџетот во насока да ги вратат украдените пари од народот, а очекувам дека и Советот на обвинители овие апаши ќе ги суспендира од нините работни места.
-вели Пандов во својот став упатен до јавност.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце