БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Параноја”на Санаториум- нова сламка за спас на Македонската хеви метал музика

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот хеви метал треш бенд Санаториум се чини воскреснува во моменти кога тоа е најпотребно на публиката.

Се вели дека вистинската уметност се појавува во моменти кога на човек му е најтешко.

“Параноја” е новото музичко видео остварување на Санаториум кое во услови на “живот во збунувачко време кога разголена толпа шета по земјата….” со “бес, очај и крикови сите соништа се угушени” се појавува во времето за кое пред повеќе од четврт век пееше Перо Стефановски- фронтменот од Санаториум.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Текстовите на бендот од првата половина на 90-тите години на минатиот век како пророштва почнаа да се остваруваат. И се чини дека сега е вистинското време тие пророштва да продолжат да ја алармираат оваа генерација на современици, не за после некоја деценија да се остварат како такви, туку да бидат превенирани.

“Родени” во 1987 година во предвечерието на падот на берлинскиот ѕид, Македонскиот метал бенд Санаториум беа предвесници на новите културолошки и општествени промени што следуваа во наредната деценија. Нивните албуми “На работ на разумот” и “No more” беа соодветен белег на своето време како во македонски рамки но и многу пошироко. Непостоењето на сериозен пристап кон македонската музика во тоа време на бурните 90-ти години ги спречи Санаториум во нивниот поход за освојување на светот.

Во изминатите неколку години бендот периодично со прекини објавуваше свои синглови, но активноста на бендот е далеку од она што го очекуваат нивните фанови.

“Параноја” е во целост авторско дело на членовите на бендот а продукцијата е направена од страна на новиот гитарист Бобан Василески. Видеото е снимено и монтирано од страна на Перо Стефановски, Бобан Василески и Горан Атанасов. Мастерингот на песната е направено во Сиера Студио на Александрос Крисидис.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace