БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод денешниот голем православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од името на сите членови на партијата упати своја порака со честитки до сите православни христијани:

“Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани да им го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Покрај желбите за добро здравје и радост, дозволете ми во духот на празникот да посакам добрината и заедништвото да бидат водилката низ животот на секој човек, затоа што тие се христијански и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Секое време носи свои премрежија и тешки мигови, но љубовта кон ближниот, кон својот народ и својата татковина нека бидат темелот на кој секој човек, врз кои ќе ги гради своите постапки и своите дела. Денес е денот кога секој човек дома, во својот дом празнувајќи ги миговите со своето семејство треба да се присети на традицијата на меѓусебно разбирање и истрајност, длабоко вкоренети во кодот на нашиот народ, кои се основата на секоја индивидуална, но и колективна борба за подобра иднина.

Секоја борба е трнлив пат, со неправди, несигурност и предизвици, но истрајноста и посветеноста на тој пат секогаш води до успех. Да научиме борбата за подобра иднина да ја водиме со сплотеност и истрајност, затоа што тоа е единствениот правилен пат.

Воедно, дозволете да го честитам и денот на македонските рудари, оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.

Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога за 5 месеци останаа 40 илјади работници без работа. Тоа е голема болка и страдање за многу семејства кои изгубија егзистенција.
Посакувам секој еден од вас да си го сочува своето работно место и да започнеме да градиме иднина.

Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на модерните предизвици како криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат.

Домот и семејството се светост, а Македонија и македонската нација се тоа, и затоа вреди секој да се посвети во чување на нашите светости.
Нека е за многу години празникот. Нека е жива Македонија!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace