БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Приватни градинки, игротеки, објекти за прослава, ресторани се пред колапс. Власта врти поглед на друга страна

Пренеси го гласот

Изминува шестиот месец на голгота на Македонското стопанство под ударот на пандемијата со Ковит-19. Негативниот ефект на здравствената криза која изброи 600 починати лица, е уште повеќе продлабочен со економските последици кои што оставија без работа 40-тина илјади граѓани. Дополнително стопанството кубури со исплатата на плати за вработените, и подмирување на основните расходи за што најверојатно ќе следуваат уште поголеми реперкусии врз животниот стандард на Македонските граѓани во месеците пред нас.

Едни од најпогодените бизниси во државата се угостителските објекти кои организираат прослави, игротеките, приватните градинки, рестораните итн.

Од страна на државата се потрошени над 1 милијарда евра од задолжување а последиците од корона кризата не се ни начнати да се решаваат.

Во врска со немањето на слух кај надлежните власти за проблемот на овие компании кои што се најмногу погодени од кризата и се пред целосен колапс, во јавноста своја реакција упатија од ВМРО-ДПМНЕ.

Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“ДРЖАВАТА НЕМА СЛУХ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА НАД 1000 ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ!!!

Над 1000 економски оператори се во тешка ситуација на која не ѝ се гледа крај! И покрај сите апели за помош, државата и понатаму нема слух за проблемите, барањата и потребите на угостителските објекти кои работат организирани прослави, игротеките, приватните градинки… кои заради пандемијата се затворени од 15-ти март.

Со својот игнорантски однос, државата придонесе блокираните сметки, опомените , селективното и нелогично носење одлуки кои се од егзистенционално значење да станат нивно секојдневие, а заради неликвидноста загрозен е нивниот опстанок.

Додека успешно работеа и го полнеа државниот буџет сѐ беше во ред, а денес кога државата треба да им помогне, се оставени сами на себе без никаков предвидлив датум за можно отварање кое би го најавило нивниот каков-таков спас.

Ако државата нема сопствена идеја, може барем да ги разгледа протоколите за работа на овие оператори кои веќе се применуваат во соседството, односно Хрватска, Грција и Бугарија. Но, очигледно е дека државата од една страна е тотално безидејна, а од друга страна нема никаква волја да си ги заштити своите граѓани.

Наместо тоа, угостителските објекти кои работат организирање прослави се сведоци на селективен пристап за контрола врз угостителски објекти кои не ја почитуваат одлуката на владата и протоколите и си организираат свадби и други прослави и покрај забраната. Но, веќе навикнати сме државата за едни да биде мајка, а за други маќеа!

Човечки и крајно време е:

-државата да ги обештети рестораните кои работат свадбени прослави;

-да се одреди датум за отварање, со динамика на отварање и протоколи за работа со јасно дефиниран број на гости;

-да се одредат критериуми за обештетување на загубите;

-да се обезбеди исплата на еднократна неповратна финансиска помош;

-да се обезбедат субвенции за плати во износ од минималната бруто-плата за сите досегашни и идни месеци додека економските оператори се затворени;

-да се одложат до крајот на годината обврските за плаќање кон претпријатијата кои вршат комунална дејност;

-да се стави мораториум со репрограмирање на кредитните обврски ….

Во овие исклучитело тешки околности, државата мора да покаже еднаква грижа за сите свои граѓани!”

Реакција на : Комисија за економија, инвестиции и туризам на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот