Во текот на вчерашната расправа во Собранието за финансискиот план за работа на Регулаторната комисија за енергетика во чиј што домен е актуелната енергетска криза а сукцесивно на тоа и финансиска криза со која се соочуваат граѓаните, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска дискутираше за повеќе аспекти за работата на РКЕ и нејзиниот најодговорен поединец Марко Беслимовски.
Таа во својата дискусија се осврна на 4 тематски делови:
1. за надлежностите на РКЕ;
2. за “конзистентните” ставови и изјави на Бислимовски;
3. за “независниот” состав на РКЕ;
4. забелешки за повисокиот износ на предлог-планот, кој е повисок за вкупно 15.86 %, во однос на минатата година;
Притоа таа во прилог на својата дискусија уште еднаш го апострофираше фактот на енормната превработенест на Регулаторната комисија за енергетика за кои што Стојаноска изрази сомнеж дека се партиски вработувања со кои се партизира работата на комисијата што пак се рефлектира врз стручноста и штетните ефекти од работењето на истата врз стандардот на граѓаните.
“Од 2003 до 2018 РКЕ завршува со 22 вработени, а од 2018 до денес (кога со истата претседава Бислимовски) нивниот број изнесува 44.
Партизацијата не смее да се користи како моќна алатка на власта. Со неа треба да се заврши еднаш и засекогаш.”
-напиша на фејсбук пратеничката Дафина Стојаноска во прилог на нејзината реплика.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week