БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Патот по кој се движиме е удолница која градот и државата ги носат кон пропаст, обвини Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип

Пренеси го гласот

Интегрален tекст од прес конференцијата на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

Почитувани сограѓани,
Копираното лого „На прав пат“ нема да го обели образот на ракетарската хунта која патот кон неминовниот пад го почнува токму од нашиот град. Колку гласни и да бидат повиците за спас на владеачкото зло, нема да се спасат од она што им следува на првите избори.

Но, она што се прашуваме е, што ќе им каже денес Заев на штипјани. По кој прав пат ќе ги води, кога патот по кој се движиме веќе трета година е не само крив, туку и удолница која градот и државата ги носат кон пропаст.

Штипјани очекуваа да продолжат да се движат кон напредок, преосперитет, светла иднина во која младите остануваат во градот и својот потенцијал го трошат за развој на својата општина. Компаниите очекуваа поволна бизнис клима и обезбедување на пласман на производите, а не рекет од високите партиски ешалони. Здравството очекуваше најсовремена Клиничка болница, која ќе овозможи поволни услови на вработените и квалитетно здравство за пациентите од Источна Македонија, а не ужас, беда и мизерија во најголемата здравствена институција во овој дел од државата.
Секоја пора од општеството се распаѓа, скапува, а СДСМ зборува за прав пат.

Не господине Заев, ова е најкривиот правец кој можеше да го фати нашата земја!

Вие не само што не ставивте во подредена позоција кон соседите, ја обезличивте нашата држава и го срозивте националното достоинство, туку и не уништивте како граѓани во сопствената држава. Ја уништивте и последната надеж дека ќе промените нешто.
Затоа, јалови Ви се и плагијат паролите, и лажните ветувања, и празните зборови.

Граѓаните не само што не Ви веруваат, туку со нетрпение очекуваат да Ве симнат од власт!

Креирано од:


Пренеси го гласот