Денеска пред Клубот на пензионери во Делчево се собраа поголема група на пензионери кои што во континуитет повеќе години наназад чекорат во нивното трето доба низ разно-разни перипетии соочени со егзистенцијална криза наметната од лошите политики на власта.
Она за кое пензионерите во Делчево се бореа во изминатиот период и понатаму го наметнуваат како свое барање а тоа е линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери подеднакво, а се спротивставуваат на процентуалното зголемување кое што власта на СДСМ и ДУИ го праве а во изминатите години.
Животниот стандард на ова категорија граѓани се влоши кога имаше енормно зголемување на инфлацијата од дури 20 проценти а нивните пензии остануваа исти.
Со нивното барање за достоинствен живот на сите пензионери подеднакво оваа голема група на наши сограѓани најавуваат дека својата поддршка ќе ја дадат на политичките субјекти кои што ќе им излезат во пресрет на нивните потреби од линеарно зголемување од 5000 денари за сите пензионери.
На овој собир пред Клубот на пензионери во Делчево присутни беа и дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски заедно со Драган Ковачки кои што ги слушнаа маките и проблемите на пензионерите и ветија нивно решавање во наредниот период.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“