БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Перински: Рамномерниот развој на земјата за нас е императив

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во посета на жителите на Неготино беа Премиерот на Владата на Република Македонија Проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Во рамки на посетата официјалните високи владини претставници присуствуваа на почеток на реализацијата на два големи инфраструктурни проекти кои што ќе значат подобар стандард за живеење во Неготино а се реализираат со сретства обезбедени од Владата.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме изјавата на министерот Златко Перински од денешната посета на Општина Неготино, во рамки на „Каде што срцето е дома“, на која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, означија почеток на реализација на два проекта од првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти со средства од државниот буџет:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Денеска сме во посета на Општина Неготино како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“, со која ја потврдуваме нашата посветеност за соработка и поддршка на сите локални заедници и нивниот развој, во интерес на граѓаните. Ми претставува огромно задоволство што проектите кои ги реализираме од првиот јавен повик веќе го гледаат светлото на денот. Денеска отпочнати се градежни активности на два од трите проекти со коишто Општина Неготино аплицираше на првиот јавен повик. Би сакал да се заблагодарам на проактивноста на градоначалникот и се надевам дека со истото темпо ќе продолжи да аплицира за проекти коишто се од интерес на граѓаните и на вториот јавен повик којшто е во тек. Ова е доказ дека за оваа Влада предводена од премиерот Мицкоски, не постојат заборавени места. Рамномерниот развој за нас е императив, затоа што со него гарантираме економска и социјална стабилност на земјата и секако со тоа го зголемуваме квалитетот на живот на сите граѓани“,

-рече денес за јавноста од Неготино Министерот Перински.

Креирано од:


Пренеси го гласот