Делчевското кавер дуо “Aftermath” кое го сочинуваат Дарко Тасевски и Иван Тренчевски направија кавер преработка на култната Македонска песна “Моја гитара” на Банкрот Блуз бенд.
Оваа антологиска песна од 90-тите години на минатиот век која што е своевидна химна на цела една генерација на љубители на Македонската музика со префинет вкус за музика, од нејзиното појавување досега ретко кој бенд се обидуваше да ја преработи во своја изведба. Отсуството на квалитетна снимка на оригиналната песна и квалитетен видео запис достапни на социјалните мрежи за сегашните и идни генерации беше дополнителен мотив на делчевското дуо “Aftermath” за да се вложат себеси во приказната која што ја носи оваа музичка лектира со врвен музички дух и сензибилитет, да ја пренесат низ својата призма на музички израз.
Акустичноста на самата изведба на песната од делчевските музичари дава уште еден белег плус на нејзината убавина и раскош.
Оваа песна едноставно не се објаснува. Таа се слуша и чувствува со срце и душа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените