БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петар Ружински: Преку квалитетни законски решенија до поефикасна меѓуопштинска соработка во интерес на граѓаните и заедниците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Берово Петар Ружински денеска во Кавадарци со повеќе свои колеги градоначалници присуствуваше на регионален консултативен настан кој што се спроведува во соработка со Министерство за локална самоуправа, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ кој е финансиран од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира УНДП.

Во врска со овој значаен настан Градоначалникот Ружински упати своја порака во јавност во која ја истакна важноста за подобар квалитет на меѓуопштинската соработка меѓу општините во Македонија во интерес на подобрување на стандардот за живеење на граѓаните.

“Денеска во Кавадарци, присуствував на консултативен настан, посветен на унапредувањето на меѓуопштинската соработка и предложените измени и дополнувања на Законот за меѓуопштинска соработка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Заедно со колеги градоначалници, претставници на општините и институциите, разговаравме за законски решенија, кои ќе овозможат поефикасна соработка меѓу општините и поквалитетни услуги за граѓаните.

Во своето обраќање, заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, истакна дека предложените законски измени, имаат за цел, да создадат појасна, попрактична и полесно применлива законска рамка, која ќе придонесе за поефикасна меѓуопштинска соработка.

Воедно, беа презентирани и активностите што Министерството за локална самоуправа ги спроведува за унапредување на меѓуопштинската соработка и спроведување на реформите во јавната администрација.

Верувам дека само преку партнерство, отворен дијалог и заедничка работа, можеме да изградиме посилни локални самоуправи и да обезбедиме подобри услови за живот во нашите општини.

Како градоначалник на Општина Берово, останувам цврсто посветен на застапување на интересите на нашите граѓани, да иницирам нови идеи и да работам на проекти што ќе донесат конкретни резултати и подобар квалитет на живот.

Активноста се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, имплементиран од UNDP MK“

-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински- Градоначалник на Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот