Стоп регионална е граѓанска иницијатива која започна за потпишување на електронска петиција со која се бара запирање на изградбата на регионална депонија во Свети Николе!
Ние, граѓаните на Свети Николе сме против изградба на регионална депонија во општината која брои преку 5000 регистрирани земјоделци кои егзистираат и произведуваат храна на земјоделска површина од 11000 хектари. Стоп за изградба на регионална депонија во најчистиот дел на овчеполието каде се произведува строго органска храна и која се извезува во Европската унија. Стоп за манипулирање на граѓаните и недоволно информирање во врска со депонијата.
Граѓаните на Свети Николе не прифаќаат депонија за 18 општини од Североисточниот и источниот плански регион. Свети Николе не е експериментално подрачје и не припаѓа ниту во Североисточниот ниту во Источниот плански регион, туку во Вардарскиот. Стоп за регионална депонија која освен што ќе го уништи најчистиот предел, ќе го уништи и загрозениот вид на птици кои живеат во тој предел – кралски орли.
СТОП ЗА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ!
се вели во описот на електронската петиција на интернет која можете да ја потпишете тука.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје