БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Какви автобуси/комбиња вршат јавен транспорт на патници низ Македонија

Пренеси го гласот

Во контекст на вчерашната трагедија што се случи со излетување на автобус од патот близу месноста Карпалак, редно време е да го поставиме прашањето за безбедноста и техничката исправност на автобусите и останатите превозни сретства кои вршат јавен транспорт на патници и стоки.

Колку постапката и условите за издавање и поседување на дозволи за вршење јавен транспорт од страна на Министерството за транспорт и врски и одредени економски оператори e исправна и дали воопшто се врши некаков надзор на работата на ваквите превозни сретства кои се пуштаат во сообраќај и вршење јавен транспорт на патници?

Дали некој орган во државата врши контрола на работата на овие компании кои во трка по заработувачка мораат да наоѓаат разно начини за импровизации. Вчерашната сурова трагедија можеби не е резултат на техничка неисправност на возилото, но ова видео кое го споделуваме овде е жив доказ за тоа во какви услови се возат патници на истокот од Македонија и тоа на една од најфрекфентните автобуски релации.

Апелираме до надлежните служби да посветат поголемо внимание на оваа проблематика затоа што последиците можат да бидат катастрофални.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот