Претседателите на двата планинарски клубови од Кочани ПК “Осогово” и ПК “Москито” биле повикани на информативен разговор од страна на началникот на граничната полиција на источна Македонија во полициската станица во Кочани, стои во информацијата пренесена преку социјалните мрежи од страна на еден од претседателите на овие клубови.
Причината според пренесените информации во јавност од страна на еден од повиканите претседатели, било поставување на македонскато национално знаме од страна на македонски планинари на бугарска територија. На тој начин бил прекршен меѓудржавен договор потпишан меѓу двете држави.
Во информацијата која што е пренесена преку социјалните мрежи се вели:
“Поради вакви несовесни однесувања има големи шанси да ни биде забрането од страна на Бугарија влез и користење на единствениот заслон на Руен во бугарска територија за кој досега го имаме користено без проблем од страна на граничната полиција на Бугарија иако е околу 400 метри на нивна територија.
Апел до сите планинарски друштва од страна на граничната полиција е:
1. Забрането оштетување или уништување на гранични ознаки и цртање по нив,
2. Забрането снимање на територија и објекти на другата страна,
3. Забрането поставување на државни обележја (знамиња) од една на друга територија.
За секој кој нема да ги почитува законите ке следува кривична пријава од страна на граничната полиција и органите надлежни за границата”.

Носењето на знамиња од страна на планинари при искачувањето на било кој од планинските врвови на Балканот досега никогаш не претставувало проблем за органите на прогонот.
Ваквите укажувања од страна на граничните власти во Македонија доаѓаат во време на поларизирани политички односи меѓу двете држави со отварањето на клубови од двете страни на границата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Експлозија на плинска боца во Штип предизвикала материјална штета и повреда врз сопственичката
18 годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Берово
20 годишник од Штип заработи кривична пријава за трговија со дрога