Политичката понуда преточена во предиборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во огромна мера доминира над политичката понуда на СДСМ и нивната коалиција.
Од она што може да се види како конкртетни проекти во “Платформа 1198” на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е значително подобро од политичката програма на СДСМ и Коалицијата како во квалитет така и по квантитет на проектите и политиките проектирани за подобрување на живеачката на граѓаните на Македонија.
Предизборната програма на тимот од палатата “Христо Татарчев” е конкретна со конкретни рокови и конкретни проекто кои што одат во прилог на генералната политика на опозицискиот блок чиј што главен фокус е подобрувањето на екојдневието на Македонските граѓани и враќање на народниот предзнак на институциите на државата што беше еден од клучните проблеми на аздисаната власт на СДСМ и ДУИ чиј што мандати во изминатите 7 години поминаа во директен судир со интересите на мнозинството граѓани на МАкедонија.
Почнувајки од промената на името, партизираните и коруптивни тендери, партизацијата на институциите на државата и роднинско-партискиот непотизам, институционалните репресии врз граѓаните и стопанството, злоупотребата на државни ресурси за партиски цели… од Република Македонија направија антипод држава од она што навистина треба таа да биде. Ваквото владеење на СДСМ и ДУИ во изминатите 7 години од овие причини може да се оквалификува како ненародно што резултура со огромна спротивставеност на широките народни маси наспроти ваквите ненародни политики на власта. Токму затоа револтот преточен во огромна разлика на првиот круг од Претседателските Избори одекна громогласно како во домашната така и во меѓународната јавност како вистински шок за сите.
Народот Македонски има една мудра принципиелна практика на “трај си- прај си” филозофија која во клучен историски момент на најсоодветен начин се рефлектира во високо изразена граѓанска свест и подготвеност да ги превземе работите во свои раце.
На 24 април беа созреани сите предуслови за Македонскиот народ на најдемократски начин да соопшти пред светот во каква Македонија сака да живее. Гордоста, достоинството, пркосот се исконски Македонски вредности кои кога-тогашси наоѓаат своја нишка на манифестација за да народот си дојде по своето.
Во програмата “Платформа 1198” на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” се содржани проекти и политики за сите генерации, за сите социјални категории на граѓани за сите интелектуелни слоеви, за сите општини, села и места кои што доколку се реализираа во предвидениот рок значително ќе ги подобрат условите за живеење на овие простори.
ВМРО-ДПМНЕ со целокупниот човечки капацитет што го содржи во своите редови секогаш била гарант за ефикасна реализација на предвидените проекти во минатото и таа силна страна на партијата најубаво се пресликува и во овој предизборен период како вулкан кој што по победата на 8 мај чека нестрпливо да еруптира со работа и труд за да се започне најавениот процес за трансформација на целокупното Македонско општество во модерна и современа држава како вистински сервис на граѓаните.
Местимичноста застапеност на проектите во “Платформа 1198” на територијата на цела држава претставува вистински интегративен елемент за Република Македонија како држава на сите граѓани. Лидерот на опозицискиот блок при секој негов јавен настап не пропушта да ги афирмира неговите и определбите на партијата за реализација на проекти во секоја општина во секое населено место, доведено на микро ниво од што граѓаните ќе имаат директен бенефит од овие јавни политики на идната влада.
Наспроти ваквата структурираност на проекти за сите граѓани кои што ќе генерираат силен економски развој низ државата, политиката и понудата на СДСМ и нивната коалиција е бледа, несигурна, неартикулирана а целокупната понуда кон граѓаните на СДСМ се базира на институционален поткуп на елитите во оваа партија и нивните коалициски партнери во доминантна мера во редовите на ДУИ. Токму ваквите ненародни и неодговорни политики ја втурнаа Македонија во огромна должничка криза и неможност на државата да си ги сервисира предвидените буетски расходни ставки во текот на една година, што директно се рефлектира во назадување, стагнација и продлабочена сиромаштија на граѓаните и стопанството.
За крајниот исток на државата и целокупниот Брегалнички регион во преизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се застапене голем број инфраструктурни проекти чија што потреба од реализација се провлекува со години наназат.
“Платформа 1198” нуди нова иднина за Делчево.
Предизборната програма “Платформа 1198” на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” на своите 240 страници содржи вкупно 1198 проекти кои што ќе ја трансформираат Макединија во секоја смисла на зборот трансформација кон подобро.
Со овие проекти ќе бидат поставени темелите на современата Македонска држава за сегашните и идните поколенија.
Македонските граѓани имаат право да бидат горди што ќе можат да го дадат својот глас за оваа програма а потоа да бараат и отчетност за реализацијата на истата.
Зборот “Делчево” во овој импресивен документ за иднината на Македонија се содржи 15 пати.. Бројката и не е толку важна колку што се важни обемот и квалитетот на проектите во чиј контекст се спомнува нашата општина.
**ИЗГРАДБА НА НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД ДЕЛЧЕВО ДО КОЧАНИ ПРЕКУ ВИНИЦА**
Овој проект е од идентитетско значење за целовитоста на Македонија и егзистенцијално прашање за сите семејства кои што живеат во Делчево.
Овој проект е насушна потреба на секој еден граѓанин кој што гравитира по крајниот исток на државата. Овој проект е личен влог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски за подобрување на животот на овој народ кој што се декларира како Македонски.
Заедно обединети зад ВМРО-ДПМНЕ со глас за бр. 2 најпрво за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на 24 април во среда, а потоа и за број 2 на 8 мај на вториот круг од претседателските избори и Парламентарнитре избори, да ја направиме Македонија повторно горда држава, а нашето Делчево да заличи на нормална општина во која сите делчевци ќе имаат подеднакво право за развој како сите други граѓани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст