БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачевски од Гостивар: Владата на СДСМ не дозволи граѓаните да плаќаат високи сметки за струја

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата Димитар Ковачевски зборуваше за успесите на владата на СДСМ и ДУИ во изминатиот период.

Според Ковачевски владата успеала да се избори со енергетската криза како и економската криза а за наредниот период предвидуват зголемување н плтите и пензиите како и подобрување на можностите на младите.

„СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните, за време на сите економски, здравствени и енергетски кризи, во ниту еден момент не се откажавме од вас и успеавме да се избориме со енергетската и економската криза“,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот кој се одржа во Гостивар.

„Во наредниот мандат се обврзуваме дека ќе ги зголемиме платите и пензиите, ќе креираме и многу можности за нашите млади, за нашата иднина и пакети за поддршка на учениците, но и за нивните родители. Граѓаните за прв пат од осамостојувањето ќе бидат акционери во државните енергетски компании. И на крај, заедно ќе се бориме и ќе се избориме против злоупотребите, неправедноста и системската корупција. Тоа е нешто што мора да го направиме за да одиме напред, кон ЕУ и ние сме убедени дека тоа и ќе го направиме “, рече Ковачевски.

Говорејќи за изминатиот мандат, лидерот на СДСМ призна дека власта направила одредени грешки, но никогаш не се откажала од поддршка на граѓаните. Владата не дозволи Скопје да остане без парно греење, не дозволи граѓаните да плаќаат енормно високи сметки за струја, и го амортизираше ценовниот удар со повисоки плати, пензии и социјални трансфери.

Ковачевски потенцираше дека една од основните цели на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина останува градењето инклузија и едно општество за сите граѓани.

„Ниту јас, ниту СДСМ никогаш нема да се откажеме од инклузијата и градењето едно општество за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или национална припадност. Но, продолжуваме повнимателно. Инклузијата подразбира целосно почитување на европските вредности како солидарност, правичност, еднаквост, чесност и одговорност. И тие ќе важат за сите, и за првиот човек во државата, за министрите, за функционерите од коалициските партнери, за директорите, за сите. И тоа мора да биде така “, истакна Ковачевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace