БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Плочата со Голема Албанија и музејот на УЧК сепак се дивоградби на државно земјиште

Пренеси го гласот

Денеска премиерот Ковачевски се обиде да ја правда изградбата на музејот на УЧК и плочата со мапа на Голема Албанија дека биле изградени на приватен имот.

Ковачевски најверојатно за да ја растури камарилата со ДУИ на прес конференцијата денеска не го осуди овој провокативен и незаконски чин во селото Сопот. Преку различни изговори како „стара била мапата“, „сите имале такви мапи на Балканот“, „на приватен имот била ставена“, „не била релевнатна мапата“ премиерот ја релативизираше постапката која промовира територијалните претензии кон нашата држава.

Тој вели дека не го загрижува ваквата мапа оти за него таа доцни 145 години, а како што вели по влезот во НАТО оваа мапа не е релевантна за нас.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска соопшти дека овој објект е изграден на државно земјиште.

“Во текот на вчерашниот ден добивме информација од вас медиумите дека имало таков настан во с. Сопот и веднаш беше издаден од моја страна налог за вонреден инспекциски надзор. На лице место излезе градежен инспектор, во присуство на други лица е утврдено дека целиот објект во кој што е организиран настанот е дивоградба.

Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, кое што во имотниот лист бр.117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект. Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник денеска е истакна на огласна табла на Општината.

Во рок од 3 дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затварање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице.

Но дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено и барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага.”

-вели во изјава за медиумите кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот