БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По формирањето на новата Влада на Република Македонија, иднината на договорот со Бугарија нема да биде иста како што е сегашноста

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски му упати вербален поздрав на бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев во врска со неговите негирања на Македонскиотте идентитетски одредници (Македонскиот јазик, Македонската припадност и националните личности од Македонската историја.

Во продолжение ја пренесуваме неговата вербална реакција упатена во јавноста:

“Во време на Отоманското ропство, голем број Македонски машки деца биле грабани и потурчувани. Ги правеле да бидат јаничари. Подоцна, откако ќе ја поминеле најтешката воена обука, тие, јаничарите, биле најсвирепите убијци. Без милост го колеле Македонското христијанско население. И се тоа, само за да ја докажат лојалноста кон Султанот, бидејќи не биле асли Турци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во поновата историја, после Букурешкиот договор, Македонците во Пиринска Македонија биле насила асимилирани и побугарчувани (со исклучок на еден мал дел, кои своеволно станале Бугари и еден дел кои до ден денешен издржаа да останат тоа што се – Македонци). Денеска, побугарчените се поголеми Бугари од Бугарите. И тоа го прават само за да докажат дека се Бугари, бидејќи по ген никогаш нема да бидат тоа.

Поздрав, г-дин Ковачев.

П.С. тоа што вашите тукашни поданици ви ставиле потпис на договор за таканаречено “добрососедство”, неспорно ја донесе Бугарија во ситуација да може да си поигрува со иднината на Македонија. Но, верувајте, тие поданици веќе се минато и на целиот Македонски народ му е сосема јасно за нивното велепредавство кое го извршија. После изборите, по формирањето на новата Влада на Република Македонија, иднината на овој договор нема да биде иста како што е сегашноста.”

Креирано од:


Пренеси го гласот