БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По вторпат организиран Streetball турнир во Берово

Пренеси го гласот

Центар на градските случувања на 9-ти и 10-ти август во Берово ќе бидат спортските терени Стара Гимназија каде по вторпат се одржува турнирот во улична кошарка три на три “Berovo Streetball 2019“, кој побуди голем интерес претходната година преку  организација и забава која ја пренесуваше урбаната култура со звуците на Old School HIP HOP музиката.

Почетокот на кошаркарскиот турнир кој е во организација на здружението на граѓани “Академија ФК Малеш Вардар-Берово” го означи градоначалникот на Општина Берово, кој пред присутните беровчани и гости , го истакна задоволството од организацијата на еден ваков настан во Берово.

Инаку оваа година на турнирот Berovo Streetball 2019 учествуваат 15 екипи распоредени во четири групи. Во сите четири групи прво пласираните и второ пласираните продолжуваат во четврт финалето. Сите екипи во група играат меѓусебно по еден натпревар.

Организаторите најавија награди за најуспешните три екипи, како и за најкорисниот играч на турнирот (MVP), а ќе има можност и за публиката која ќе се натпреварува во фрлање за 3 поени, како и многу други изненадувања.

Креирано од:


Пренеси го гласот