БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По жестокиот пад на профитот Марвел одлучи да игра со проверени вредности

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи исплива официјална информација дека Тоби Мегвајер како Спајдермен и Хју Џекман како Волверин ќе го предводат тимот на Одмаздници во наредниот голем филмски крос овер настан насловен како Avengers: Secret Wars.

Откако пред неколку денови беше најавено дека продуцентите дале насока на сценаристите да најдат начин како да го вклучат ликот на Волверин кој што долги години го глумеше Џју Џекман но кој имаше епска смрт на филмското платно во неговиот самостоен филм Logan од 2017 година по филмот Wolverine од 2013 година, потврдено е дека Џекман ќе го глуми бесмртниот лик на еден од најмоќните ликови во X-MEN серијалот но во Марвеловиот универзум кој што изминатите речиси 2 децении ги полни кино салите во светот.

Но возбудувањето да биде уште поголемо во филмот ќе биде вклучен и ликот на Спајдермен кој го глуми популарниот Тоби Мегвајер кој го играше популарниот лик од стриповите на Стен Ли во три филмови во период од 2002-2007 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По надолниот тренд на заработка на последните неколку филмови во МАрвеловиот кинематски универзум, продуцентите се одлучни на големото платно да ги донесат овие два ликови играјки на проверени вредности и на веќе приврзаната публика кон овие два филмски ликови.

Да се надеваме дека нема да ја расипат работата со лошо сценарио или продукција која ќе го избледне култниот статус кој што овие два актери го постигнаа со нивните филмски ликови во изминатите 2 децении.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace