Бади Меркури е кученце кое е спасено од улица, а стана познато по своите вештини за пијано. Бади исто така, сака пеење и е одличен со децата. Клипот со Бади стана вирален со над 4 милиони прегледи.
Тој дури има веб-страница на која обожавателите можат да ја следат неговата музика. Бади за кратко време ги привлече срцата на многу љубители на музиката низ целиот свет – напишале неговите сопственици. „Благодарам за целата љубов и љубезни зборови! Бади сака да ги забавува семејството и обожавателите и да ги насмее луѓето! “ – додаде семејството.
Погледнете го неговото видео и уживајте во остатокот од денот во добро расположение: