БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина Академик ЃОРЃИ ФИЛИПОВСКИ на 100 годишна возраст

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ѓорѓи Филиповски (роден е на 6 мај 1919 година во с. СуровичевоЛеринскоЕгејска Македонија) — македонски професор и научник од областа на педологијата – науката за почвите, агрохемијата и земјоделството. Член на МАНУ од нејзиното основање.

Основно училиште и гимназија завршил во Битола 1937 година. Од 1937 до 1941 година студирал на Земјоделско шумарскиот факултет (Земјоделски отсек) во Земун. Дипломирал во Софија во 1942 година на Земјоделско шумарскиот факултет. Докторирал на Земјоделскиот факултет во Земун.

Активно учествувал во прогресивното студентско движење пред војната и во НОВ, веднаш по окупацијата. Од 1942 до 1944 година е асистент по Педологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија. Од 1945 до 1947 година е шеф на Педолошко-агротехничкиот отсек при Земјоделско-испитателниот интитут во Скопје. Во 1947 година е избран за предавач, 1949 година за доцент, 1954 година за вонреден и 1960 година за редовен професор по предметот Педологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од основањето на Факултетот е шеф на Катедрата по педологија и агрохемија. Во учебната 1948/1949 година бил шеф на Земјоделскиот оддел, во 1949–1950 година продекан и во 1955–1956 година декан на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Држел предавања на III степен по предметот Мелиоративна педологија во Скопје и бил хонорарен професор на III степен на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград.

 По катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963/64 и 1964/65 учебна година бил ректор на Универзитетот во Скопје. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 18 август 1967 година.

Објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Две монографии му се преведени на англиски јазик во САД. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите. Негово капитално дело е „Почвите на Република Македонија“ во 6 томови во издание на МАНУ. Во 2016 е промовирана напишаната студија од 250 страници во која се објавени резултатите од седумдецениските истражувања на почвите на Република Македонија заедно со Педолошка карта.

Како експерт на ФАО бил во повеќе земји на Југоисточна Европа во врска со составувањето на педолошки карти, a како експерт на нашата земја престојувал во Египет во врска со користењето на водите од Асуанската брана за мелиорација на солените почви. Бил на специјализација, студиски престој или присуствувал на меѓународни и национални конгреси и држел предавања и реферати во повеќе земји: во САДСССРВелика БританијаФранцијаСР ГерманијаАвстријаШвајцаријаЧехословачкаРоманијаБугаријаГрцијаТурција и Египет.

Парично е награден од Владата на  Македонија во 1946 година, одликуван е со Орден на трудот од III и II степен, како и со Орден на трудот со црвено знаме. Носител е на републичката награда „11 Октомври“.

Бил член на Меѓународното друштво за проучување на почвите, бил потпретседател и претседател на Југословенското друштво за проучување на почвите во Белград и на неговата Секција во Скопје, член на редакциониот одбор на научното списание „Земљиште и биљка“ (Белград), главен уредник на Годишниот зборник на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, член на Универзитетскиот совет, член на Сојузниот фонд за научна работа и на комисиите на Сојузниот совет за координација на научните дејности, член на Управните одбори за наградите: АВНОЈ – „29 Ноември“ (Белград) и „11 Октомври“ (Скопје), како и член на Републичкиот совет за научна работа и др.

Промовиран е за doctor honoris causa (почесен доктор) на Универзитетот во Брадфорд (Англија). Во 1973 година е избран за член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.

На 100 годишна возраст во Скопје почина академик Ѓорѓи Филиповски. Меѓудругото ќе остане запаметен како еден од тројцата основоположници на Македонската академија на науки и уметности во 1967 година.

 Во мај годинава, МАНУ со голема свеченост го одбележа 100 негов роденден. На говорницата на сцена се искачи во придружба на неговите внуци, присутните ги импресионира со виталноста и луцидноста, со шегите на сметка за својата возраст и остана пола час. Со течна мисла се присети на на своите животни и работни почетоци, без притоа да има однапред подготвен говор, и не заборави никому да се заблагодари.

Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во утре (понеделник, 23.12.2019 година) во МАНУ со почеток во 11 часот, а пoгрeбoт е закажан во 13 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace