Англискиот премиерлигаш Ливерпул е новата јагода на шлагот во светскиот фудбал. „Црвените“, после титулата во клупското натпреварување во Европа, во Лигата на Шампиони го освоија трофејот на Светското клупско првенство кое изминативе денови се одржуваше во Катар.
Во финалето од Светското клупско првенство, Ливерпул го совлада бразилскиот Фламенго после дополнителни триесет минути 1-0, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без голови 0-0. Главниот јунак во финалето беше Бразилецот Роберто Фирмино. Популарниот „Боби“ единствениот погодок го постигна во осмата минута од првото продолжение.
Ливерпул со победата и освојување на титулата ја продолжи европска доминација на Светското клупско првенство. Европскиот клуб победува од 2013 година наваму.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици
Најава за одржување на Меморијален ревијален натпревар во ракомет во Делчево
Трчањето е повеќе од спорт. Тоа е начин да се остави зад себе секојдневниот стрес, да се заборават грижите и се ослободиме од товарот кој го носимe.