Фетс Домино, еден од највлијателните рокенрол изведувачи во 50-те и 60-те години, почина на возраст од 89 години, потврди неговата ќерка.
Славата ја стакна како пијанист, пејач и текстописец, а ќе остане запомнет по хитовите „Ain’t That a Shame“, „Blueberry Hill“, „Walkin’ to New Orleans“ и многу други.
Успешната кариера ја започна во 1949 година со песната „The Fat Man“, која беше продадена во повеќе милиони копии, што не беше случај со тогашната рокенрол музика.
Овој музичар од Њу Орлеанс продал повеќе од 65 милиони плочи, тираж кој во 50-те години го надмина само Елвис Присли. Тој имал 40 песни на топ-листите за 10 најдобри ЕренБи нумери и 11 песни на топ-листите за 10 најдобри поп песни. На еден концерт, Присли го претстави како човекот кој извршил најголемо влијание на него на почетокот на кариерата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот