БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почитуван Градоначалник, до каде е проектот за изградба на сала за боречки вештини во Штип?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го прозваа градоначалникот на Штип Благој Бочварски за нереализираната а ветена сала за боречки вештини.

Дополнително го прозиваат Градоначалникот на Штип за неспособност при справувањето со проблемите кои ги има и постојната просторија во која се реализираат боречки активности.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Почитуван Градоначалник,

До каде е проектот за изградба на сала за боречки вештини?

Зборуваме за онаа сала која на сите состаноци со спортските работници во градот ја ветувавте, затоа што борењето беше еден од најпрепознатливите спортови во Штип.

Но, денес за жал, не само што нема сала, туку и таа што постои е во исклучително лоша состојба и не се одржува соодветно, а менаџментот на клубот го еродира неговото постоење во секоја смисла на зборот.

Штип беше познат по борењето и звучните боречки имиња кои беа лансирани од душеците на Боречкиот клуб Балканец, меѓутоа денес е само бледа сенка на она што било некогаш.

Борачите не го добиваат потребниот третман, општината нема стратегија за развој на овој спорт, а не се обезбедуваат ни соодветни услови и внимание за напредок на младите надежни кадри.

Зарем ова се условите кои ги ветувавте пред да седнете на градоначалничката функција?

Зарем младите таленти ги заслужуваат овие услови?

Почитуван градоначалник,

Не само што не градите, туку и не ја одржувате постоечката инфраструктура.

Должен сте да одговорите на граѓаните на Општина Штип, затоа што времето минува, а листата на реализирани проекти се‘ уште е празна.

Креирано од:


Пренеси го гласот