Денес во сабота 26.07.2025 година со почеток во 19.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи промоција на кандидатот за градоначалник на Делчево за претстојните Локални избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски.
Кандидатурата на Иван Гоцевски за градоначалник на Делчево ја соопштија од Извршниот Комитет на партијата уште во првиот бран на соопштени кандидатури пред повеќе од еден месец така што јавноста во Делчево веќе е навикната на оваа информација. Иван Гоцевски во изминатите 4 години беше координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот совет и е постојано присутен во јавноста бранејки ги и залагајки се за потребите и решенија на проблемите на делчевчани во континуитет.
На вечерашниот настан е најавено дека на промоцијата пред јавноста Иван Гоцевски ќе ги промовира основните принципи за кои ќе се залага во предизборната кампања во која се очекува да биде презентирана и најновата програма со проекти за подобрување на стандардот за живеење во Делчево.
“Драги мои сограѓани, роднини и пријатели, драги мои сопартијци,
Моја е честа да Ве поканам на свеченоста по повод 35 години од основањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, партијата која секогаш стои рамо до рамо со народот!
Вистинските пријатели, вистински и Ве цениме.
Утре на 26.07.2025 година од 19:00 во Спомен дом на АСНОМ во Делчево.
Огромна ќе биде радоста и задоволството заедно да го прославиме овој наш празник.
На овој настан ќе бидам промовиран и јас како кандидат за градоначалник на општина Делчево.
Заедно продолжуваме по патот на победата!”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски во врска со овој настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На 12 јануари ќе се одржи јавна трибина за граѓанската иницијатива за определување локација за спомен-обележје
Ова се сите сообраќајници за чие чистење се подготвени надлежните служби во Делчево при поголеми врнежи на снег
Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско