Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Погледнете ги овие идеи за совршена семејна фотографија со кои ќе се забавувате но и ќе бидете уникатни

Пренеси го гласот

За некои, вистинското значење за семејството значи група луѓе поврзани со крв или потекло. За другите, тоа нема никаква врска со гените и сè што преостанува е љубов, сочувство и поддршка.

Мериам Вебстер го опишува поимот „Семејство“ како социјална група составена од родители и нивните деца. Иако нивната дефиниција е делумно точна, но секако дека Семејството е повеќе од тоа. Семејството има подлабоко значење, не се тоа само некои односи – туку група луѓе што ги имате најблизу до срцето. Семејството е она што е тука  за вас во текот на сите ваши тешкотии и она што ве предизвикува да се борите кога се чувствувате тешко.

Додека Семејството често потекнува од вашата директна крв, не мора да биде составено од само тој факт. Вашето семејство може да бидат луѓе во вашиот живот кои донесуваат позитивност… и без разлика дали тоа е вашата директна крв или вашите најблиски пријатели, вие секогаш имате семејство.

„Што е семејство? Тоа се луѓето кои те прифаќаат онаков каков што си. Во добро, во лошо, половично или целосно, тоа се луѓето кои секогаш ќе се појават и ќе останат покрај тебе, без разлика на сѐ. Тоа не се само луѓе со кои делиш иста крв и хромозоми, туку нешто пошироко, помоќно.

Во текот на животот создаваме многу семејства. Она од коешто потекнуваме, семејството кое ние го создаваме и групите од пријатели, љубовници, а понекогаш дури и непознати луѓе, од кои сме биле дел додека сето ова се случувало. Ниедно од нив, не било совршено семејство и не можеме да очекуваме да биде. Не може ниедна личност да постане твојот свет. Трикот се состои во тоа, да го земеш сето она коешто луѓето ти го даваат и да создадеш свој свет од тоа.“ – вака американската писателка Сара Десен го дефинира семејството во нејзиниот роман „Катанец и клуч“.

Во чест на семејството, погледнете ги овие креативни и забавни начини, засекогаш да ги сочувате убавите спомени поминати со најблиските:

….

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com