БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поранешниот премиер Ковачевски стана дел од парламентарна група за заштита на природата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот Премиер на Владата Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи ја информираше јавност дека како пратеник учествувал во формирањето на интерпартиска парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.

“Во Собранието формиравме интерпартиска парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.

На овој начин политичките партии заедно со невладините организации ќе работиме на дијалог и создавање законска регулатива која ќе воведе одржливи решенија за здрава животна средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите заедно без разлика на партиската припадност ќе дадеме придонес во градење на здрава, чиста и одржлива животна средина, која ги засега и е од интерес на сите граѓани на Македонија.”

-информираше Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот