Од страна на Здружението на козметички салони во Штип издадено е соопштение до сите козметички салони во градот како и до граѓаните дека поради зголемување на цените на основните материјали за работа од 1-ви март ќе поскапат услугите во салоните.
Од страна на здружението замолуваат за разбирање за новонастанатата ситуација.
Епа честито!

Од страна на останатите фризерски салони низ Брегалничкиот регион се уште нема ваква реакција. Од оние неколку фризерски салони кои ги контактиравме во Делчево ни соопштуваат дека нема да вршат промена на козметичките услуги сега за сега, но не ја исклучуваат ваквата можност за блиска иднина.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Експлозија на плинска боца во Штип предизвикала материјална штета и повреда врз сопственичката
18 годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг во Берово
20 годишник од Штип заработи кривична пријава за трговија со дрога