![]()
Отворен јавниот повик за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип за набавка на велосипеди за 2022 година.
Право на учество имаат полнолетни граѓани, кои го имаат подмирено данокот за имот, да купиле велосипедот во 2022 година и да нема друг член од домаќинството што поднел барање за субвенција.
Потребните образци за поднесување на барањето може да се најдат на линкот подолу или во архива на општината.
Општината одвои 450.000 денари за оваа намена, а субвенцијата ќе изнесува 40% од набавената вредност односно не повеќе од 4000 денари нето износ. Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“ се до исцрпување на средствата.![]()
https://probistip.gov.mk/…/javen-povik…/
Извор: Општина Пробиштип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година