БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прашања на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип упатени до Градоначалникот Бочварски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна реакција во врска со нејасни сопственички односи на една фирма која што е главен добавувач за потребите на општина Штип.

Во продолжение во целост ја пренесуваме нивната реакција:

“Почитувани сограѓани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како што најавивме, во име на транспарентноста и отчетното владеење, во име на „Едно општество за сите“, денес се обраќаме до Градоначалникот на Општина Штип и Локалната самоуправа.

Пред да објавиме било каква информација, со оваа прес конференција ќе му дадеме можност да одговори на неколку прашања.

Кои се сопственици на компанијата Де Лукс ДОО Штип?

Каква е поврзаноста на градоначалникот со сопствениците на оваа компанија?

Дали е точно дека оваа компанија има добиено милионски тендери и е главен добавувач на храна во јавни институции на кои основач е градоначалникот?

Го повикуваме градоначалникот уште веднаш да одговори на овие прашања. Во спротивно доколку не собере храброст и доблест, ние ќе ја обелодениме целата вистина пред граѓаните, поткрепена со документи и докази.

Јавноста ќе дознае дали ова општество е за сите, или само за неколкумина од СДС.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace