За голем дел од луѓето математиката е забавна и е одличен начин за релаксација. Други пак, сметаат дека е прилично комплексна и тешка и ја мразат. Во секој случај, едно е точно – математиката е корисна за мозокот, а може и да ви се најде во разни ситуации во секојдневниот живот.
Некои математички задачи се многу тешки и бараат темелно размислување, понекогаш и со часови, но денес имаме една едноставна задача за чие решение сепак луѓето не можат да се согласат.
Оваа задача на Интернет предизвикува контроверзии веќе подолго време. Луѓето најчесто доаѓаат до одговорите 1 и 9, а има и такви кои некако успеале да дојдат до 6, 3 или 0.
Ако вашето решение е 1 или 9, вие спаѓате во мнозинството луѓе, но дали сте дошле до вистинскиот одговор или не, зависи од тоа како пресметувате, а не од вашите логички математички вештини.
Запомнете, оваа задача нема две решенија. Само едно е возможно и точно. Па, кое е тоа?

Решение:
9 – Не е спорно дека прво треба да го пресметате она што е во заградата. Проблемот настанува кога редоследот на останатите операции (множење и делење) се изведува од десно кон лево наместо обратно, по ред.
Начинот на кој нѐ учеле во училиште е едноставно застарен и погрешен.
Подетално објаснување има во видеото.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…
Изложба „45 години ФЛУ“ на 3 април во МСУ, по повод одбележување на јубилејот на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Факултетот за ликовни уметности – Скопје низ призмата на студентите – Влијанието на традицијата и визијата за нови уметнички хоризонти