БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратенички обраќања за заштита на Уставот на Р. Македонија: Илија Димовски 15.10.2018

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поенти од говорот на Пратеникот Илија Димовски од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа за започнување на постапка за промена на Уставот на Република Македонија предложена од Владата предводена од Зоран Заев:

-При составување на ова Собрание, ниту една политичка партија и ниту еден пратеник кој е дел од ова Собрание не даде ветување за промена на Уставот во насока на промена на уставното име на републиката, напротив Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, прецизно и јасно во својата изборна програма напиша дека нема да дозволи промена на Устав во насока на промена на уставото име, додека коалицијата предводена од СДСМ  низ говорите на сегашниот премиер Зоран Заев вети дека нема да има промена на Устав. Што значи дека нема изборен легитимитет Собранието да влезе во оваа процедура,

-нагласи Димовски.

Тој додаде дека понатаму се распишал референдум, еднострано, од владејачкото мнозинство, но и во овој случај Уставот е прецизен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Членот 73 од Уставот ставот 2 вели дека „одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинство од избирачите кои гласале доколку гласалеповеќе од половина од вкупниот број избирачи“. За промена на Устав не постои консултативен референдум заради тоа што промена на правен акт може да се менува само во процедура предвидена во еднакво висок акт, а не во понизок акт. Ставот 4 од чл.73 вели дека одлуката донесена на референдум задолжителна. Доколку на некого не му е јасно бидејќи ги слушаме тезите дека „не можеме да го слушнеме гласот на оние што се против“, имаше старо предание за Отоманската империја. Султанот кога ги праќал своите луѓе да види како е по царштината, му рекле дека многу критикувале, сиромаштија, даноците големи, султанот рекол „може, кревајте ги даноците“. Вториот пат се враќаат царските луѓе и велат сите се тивки и тогаш султанот рекол „намалете ги даноците, не чини работата“

Илија Димовски предложи, од формално правен аспект, да се симне точката од дневен ред бидејќи, како што рече, собранието дека ниту изборен ниту референдумски легитимитет да влезе во процедура за промена на Устав за да се промени на уставото име.

По говорот на Димовски, собранискиот спикер Талат Џафери го стави предлогот на гласање пред пратениците кои истиот го отфрлија „ПРОТИВ“ гласаа 67 пратеници, 39 гласаа „ЗА“, а воздржани немаше.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace